13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

МЗТ Скопје очаен пред својата публика, за спас во АБА – ќе се моли на други!

Тимот на МЗТ Скопје беше поразен пред своите гледачи од Игокеа, во натпревар од регионалната АБА лига, поради што за опстанок во истата, ќе мора да чека услуга од други тимови.

Гостите од БиХ немаа потреба за победа, играа опуштено и тоа веројатно им ја донесе победата. „Металците“ пак воопшто не покажаа жар, како да немаа волја за победа, поради што и заслужено беа поразени со 67:71.

Најефикасен во редовите на „штрковите“ беше Дреновац кој имаше 16 поени, Тејмс уфрли 15. Двоцифрен беше уште Лалиќ со 10 поени, додека Скот уфрли за него скормни 9 поени и имаше уште 12 скокови.

Кај победничкиот тим најдобар беше Мицовиќ со 20 поени, Милошевиќ уфрли 14, додека Рибинсон имаше 10 поени.

МЗТ Скопје во следното коло му гостува на Будуќност, но веројатно се ќе се одлучи во последното коло, кога во Скопје ќе гостува тимот на Морнар.

поврзани објави

Последни објави