13.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Лина ја заврши годината како 205. на ранг листата

Лина Ѓорческа ја заврши календарската година како 205. рангирана тенисерка на светската ВТА ранг листа. Младата тенисерка минатата недела беше прогласена и за спортистка на годината во Македонија, а признанието се должеше на одличната година која таа ја имаше.

Ѓорческа успеа во поединечната конкуренција да се искачи на 202. место што е најдобро во историјата на македонскиот тенис, а по неколку седмици падна на 205. место, позиција со која ќе ја заврши оваа календарска година. Во конкуренцијата на двојки, Ѓорческа останува и оваа седмица  на 129. позиција.

Магдалена Стоилковска направи огромен пад од 30 места на ВТА ранг листата и годината, во поединечната конкуренција ќе ја заврши на 1252. место. Во двојки, Стоилковска напредна 11 места во однос на минатата седмица и годината ќе ја заврши како 1175. рангирана тенисерка.

поврзани објави

Последни објави