6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Ристоска: Ќе бараме притвор за две, од вкупно осомничените три физички и три правни лица!

Специјалното јавно обвинителство денеска со нов предмет односно нова истрага под името „Труст“. Специјалната јавна обвинителка Ленче Ристовска рече дека тие во текот на денот ќе побараат притвор за две физички лица, од вкупно осомничените три физички лица и три правни лица.

Таа најави и дека СЈО води истрага и дека ќе покрене постапка за случувањата во Охрид за спречување на испитувањето на донаторите.

„Во Охрид имавме непријатна ситуација испративме покани преку МВР, и тие покани требаше да се достават на сведоците. Сепак дел од поканите не беа доставени, без испратени 185 покани од кои само 130 беа доставени. Кога се земаа искази имавме ситуациија кога бевме известени дека е најавен протест.

Сите сведоци не се повикани поради тоа што е некој член на некоја партија, туку ги повикававме затоа што се поврзани со други околности, Беше побаран состанок од двајца претставници на политичка партија, и на тој состанок како јавни обвинители бевме јас и уште една колешка. Од тие лица кои дојдоа ни беа упатени извесни закани, ни беше доставен и список дека знаат кого сме се сповикале, па со голед дека неповикани лица го имаа списокот од тајна истражна постапка, во скора иднина ќе следат сознанија кој се вршел притисоци и како завршиле списоците таму каде што не требало да завршат“, рече Ристоска.

На новинарско прашање дали со театралност  на прес конференциите се сака да се влијае на јавноста, специјалната јавна обвинителка Ристовска одговори дека начинот на презентацијае транспарентен, а кој како ги доживува настапите е само личнаперцепција.

„Нашата цел е да ја кренеме свеста дека секој може да одговара, целта е борба против криминалот и доследно почитување на правото, како и тоа и дека сите се еднакви пред Уставот и законите“, рече таа.

поврзани објави

Последни објави