Стејт Департментот повторно со соопштение ги повикува лидерите во Македонија на формирање на Влада, без натамошно доцнење, апелирајќи сето тоа да биде во согласност со Уставот.
„Заедно со нашите НАТО сојузници и партнери во ЕУ, САД внимателно го следат процесот на формирање влада во Македонија, што уследи по парламентарните избори на 11 декември, 2016 година. САД ги повикуваат лидерите во Македонија, да формираат нова влада, без натамошно доцнење, и сето тоа да биде во согласност со Уставот и аспирациите на земјата за членство во Европската унија и НАТО.
Соединетите Американски Држави ги повикуваат сите партии, интересите на Македонија и нејзините граѓани да ги стават над се, да имаат конструктивна соработка и целосно да ги имплементираат сите свои определби според договорот од Пржино, се нагласува во соопштението од Канцеларијата на вршителот на должност портпарол на Стејт департментот“, Марк Тонер.