13.8 C
Skopje
Saturday, April 20, 2024
Платено политичко рекламирање

„За Заедничка Македонија“ побараа изготвување на платформа за ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА!

Протестниот марш на граѓанската организација „За заедничка Македонија“ денес својот протест го започна од пред Влада, а го заврши пред Собранието на Република Македонија. Таму, ликовниот уметник Коле Манев ги прочита барањата на граѓанската организација „За заедничка Македонија“.

„Ние граѓаните ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците и сите други кои живеат во нашата татковина бараме:

– Сите политички партии заедно со граѓаните да изготват платформа ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, тука во главниот град на Република Македонија и да ги отфрлат Платформите пишувани во туѓи држави.

– Бараме од политичките партии во преговорите да не помислуваат да усвојат владина програма која не би била изгласана од граѓаните на изборите.

– Бараме од партиите, а посебно од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да не допуштат да се гласа во Собранието законот за двојазична Македонија затоа што тоа ќе биде вовед во редефинирање на Македонија.

-Бараме од Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов да го почитува Уставот, да не доделува мандат после истекување на рокот кој веќе е истечен и затоа што давањето на мандатот за платформа од туѓа држава ќе го направи соучесник во разнебитувањето на Република Македонија“

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави