-2.2 C
Skopje
Saturday, November 9, 2024

ЖИВОТНА ПРИКАЗНА НА ПОП ИКОНАТА: Кој навистина беше Џорџ Мајкл

Веста дека починал познатиот Британски пејач Џорџ Мајкл го растажи целиот свет. Во неговата биографија и животна приказна се кријат многу тајни, но и драматични моменти од животот.

Мајкл замина, а зад себе остави 40 години од неговата кариера и повеќе од 100 милиони албуми.

КИПАРСКО – АНГЛИСКИОТ ГЕН И ДЕТСТВОТО ВО ЛОНДОН

Џорџ Мајкл е роден во 1963 година во Лондон. Неговиот татко бил сопственик на ресторан со потекло од Кипар, а неговата мајка била англиска пејачка која во 1997 година починала од рак.

Детството на музичката легенда е поврзано со градот Лондон, но како тинејџер со своето семејство се преселува во градот Радлет. Таму го стекнува своето пријателство со Ендру Риџи со кого подоцна ја формираа групата „Vem”.
Првиот „професионален” допир со музиката е работата како диџеј во локални клубови како и основање на бендот „The Executive” кој постоел многу кратко.

СЕ СОЗДАДЕ ГРУПАТА „VEM”

Брилијантната кариера на Џорџ Мајкл почна на блескав начин. Со Ендру Риџи во 1981 година ја создадоа групата „Vem”. Првиот албум „Fantastic” го достигна врвот на британските топ листи, а по него се снимени уште 10 синглови.
Вториот албум „Make it big” со песните „Wake me up before you go”, „Freedom”, „Everything She Wants” го донесе на топ листите во Америка според „Puls”.

Покажа на дело како е да се биде хуман кога приходот од продажбата на сингловите „Last Christmas” и „Everything she wants” ги донираше во хуманитарни цели.

Распадот на неговата група го најавија неговите синглови „Careless Whisper” (1984) и „A Different Corner” (1986).

Со неговите успеси продолжи како соло изведувач а веќе со својот прв албум „Fejt” го достигна врвот во светската музика. „Fejt” го пронајде својот пат до публиката и до ден денес во светот се продадени над 20 милиони копии.

Мајкл вешто ги спојуваше различните музички жанрови како што се поп и соул. Тој ги надмина границите во музиката а неговиот талент и храброст да пее нешто различно од очекуваното го направија вистинска музичка легенда.

Џорџ Мајкл имаше седум британски број еден синглови, седум британски број еден албуми, осум синглови во првите места на американските топ листи и еден албум во САД кој стана водечки. За неговиот живот во 2005 година е снимен документарниот филм „A Different Story” односно „Поинаква Приказна”, а следната година Џорџ Мајкл тргна на голема светска турнеја, по 15 годишна пауза. Серијата концерти водени под називот „25 Live” траеше до 2008 година. Во 1998 година беше уапсен а своето мислење во врска со тој инцидент го опиша во спотот на песната „Outside” која ја обележа сцената со двајца мажи со полициска униформа како се бакнуваат. Полицаецот Родригез го тужеше пејачот за навреда на честа и угледот, но го загуби случајот. После таквиот инцидент пејачот призна дека е хомосексуалец а во 2007 година кажа дека вистината за својата сексуална ориентација ја криел поради неговата мајка и поради стравот за тоа како таа ќе го прифатела фактот дека нејзиниот син е хомосексуалец.

За време на владеењето на Маргарет Тачер, тој јавно се декларираше како лабурист. Песната „Shoot the Dog“ (Убиј го кучето) беше негова критика кон вклученоста на САД и Велика Британија во војната во Ирак. Истовремено тој беше активист за човекови права, еднаквост и борба против сиромаштијата.

Во последните години од својот живот неговото здравје е влошено а според поранешниот менаџер на Џорџ Мајкл, Мајкл Липман, музичарот починал од срцев удар.

поврзани објави

Последни објави