11.8 C
Skopje
Wednesday, October 9, 2024

Груби: Платформата е потпишана во Скопје и не е федерализација, кантонизација, ниту поделба на Македонија

Шефот на кабинетот на претседателот на ДУИ, Артан Груби порача дека Платформата на албанските политички партии е потпишана во Скопје.

„Заедничката изјава на албанските политички партии во Македонија е изјава напишана во Скопје, од страна на албанските партии во Македонија и е изјава за една европска Македонија. Еднаквоста не наштетува никому, еднаквоста и внатрешната интеграција се во функција на евро-атлантската интеграција“, вели Груби.

Груби исто така додава и дека Платрофмата не е ниту кантонизација, федерализација, ниту пак поделба на земјата, како што пренесуваат дел од медиумите.

„Одделните точки од заедничката изјава на албанските политички партии извираат од нашите изборните програми, и на ниту еден начин не задираат врз унитарниот карактер на државата, не предвидуваат на никаков начин федерализација, ниту кантонизација ниту пак поделба на земјата. Прифаќањето на оваа Изјава од страна на сите граѓани е прифаќање на европските вредности“, додава Груби.

За крај тој порача медиумите и дел од партиите да не создаваат меѓупартиски судири на етничка основа.

„Затоа, ги повикувам македонските медиуми и политички партии, нивните меѓупартиски судири да не ги прават на етничка основа а уште помалку користејќи одвоени делови од нашите изјави, ставајќи ги во хистеричен контекст на нивните концептуални судири бидејќи, прво, не е во полза на вистината, и второ е една опасна игра“, заврши Груби.

поврзани објави

Последни објави