14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Иванов со порака до меѓународната заедница да се воздржи од наметнување на решенија за иднината на Македонија!

Претседателот Ѓорѓе Иванов во своето денешно обраќање до граѓаните истакна дека мандатот не може да го даде на некој кој го руши Уставот и суверинетот на државата, а кој иствремено преговара за платформа која ги загрозува темелните вредности на Република Македонија.

Тој во своето обраќање, вели дека гласниот молк и воздржаност за осудување на платформата на албанските политички партии од страна на меѓународната заедница, е доволен сигнал, дека треба да се воздржат и од наметнување на решенија за иднината на Република Македонија.

„Прифаќањето на туѓа платформа е казниво според кривичниот законик. Драѓи сограѓани, од меѓународната заедница очекуваме да ја осуди таквата платформа која претставува редефинирање на нашата држава. За жал, во случајот со Македонија, осудување нема. Ваквиот гласен молк, ни дава јасен сигнал дека штом се воздржаа од осудување на платформата која ја загрозува унитарноста на Република Македонија, тогаш треба да се воздржат и од наметнување на решенија  за иднината на Република Македонија. Прифаќањето на оваа платформа значи негирање на суверинетот на Република Македонија, кој им припаѓа единствено на граѓаните“, рече Иванов.

Иванов додаде дека за време на средбата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, тој барал од него да ја отфрли платформата, бидејќи како што вели самиот тој, граѓаните не гласале за исполнување на платформа на туѓи држави, туку исполнување на програмите на политичките партии.

поврзани објави

Последни објави