7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Каракамишева – Јовановска: Одлуката на Иванов е во согласност со Уставот!

Одлуката на претседателот Иванов да не го даде мандатот на Заев е целосно во согласност и во рамките на Уставот на РМ, вели универзитетската професорка Каракамишева – Јовановска.

Таа додава дека експертите блиски до СДМ кои велеле дека претседателот нема право да не го даде мандатот за Влада на Заев е тесно експертско сфаќање кое не е во корелација со целосната уставна должност на претседателот на Републиката да го почитува уставниот поредок на државата.

„Претседателот на Републиката е должен својата функција да ја извршува согласно сите одредби од Уставот, а не само согласно одредбите кои се однесуваат на неговата функција. Тоа што овие неколку денови го читаме и го слушаме од експертите блиски до СДСМ дека претседателот нема право да не го даде мандатот за Влада на Заев, и дека се работи за формално дејствие кое мора да се заврши со формално доделување на мандатот е тесно експертско сфаќање кое не е во корелација со целосната уставна должност на претседателот на Републиката да го почитува уставниот поредок на државата, да го почитува Уставот од првиот до последниот член, и да ги брани темелните вредности врз кои истиот е заснован. Впрочем, претседателот на Републиката има дадено свечена изјава кога ја презеде функцијата дека истата  ќе ја врши совесно, одговорно и во согласност со Уставот и законите на земјата. Оваа изјава претседателот ја нема дадено само за почитување на членовите од Уставот кои се однесуваат на неговите надлежности, туку дека неговата работа мора да биде во согласност со целиот Устав.“, вели Каракамишева- Јовановска.

Според професорката, платформата на албанските политички партии е подготвена во друга држава, а е пост-изборно ампутирана во процесот на формирање ново парламентарно мнозинство и формирање нова Влада.

„Оваа платформа не е гласана од граѓаните на РМ што претставува флагрантно кршење на Уставот и целосна дискредитација на изборната волја на граѓаните. Токму затоа, оваа противуставна платформа не смее да биде основа за која било идна владина програма, или нов владин состав. Оваа противуствна состојба е доволен аларм за претседателот да го спречи овој антидржавен чин и да застане на браникот на националните и државните интереси. Тоа е негова основна уставна обврска, но и дел од совесното и одговорно работење на претседателот г. Иванов.“, смета универзитетската професорка.

 

поврзани објави

Последни објави