Најздравиот начин да го започнете вашиот ден е преку внесување на потребната количина на витамини и минерали, а за тоа најдобрата опција се токму природните сокови. Кога велиме природни, не мислиме на оние сокови кои може да ги најдете во маркетите, туку соковите направени на соковник со свежо овошје, а кои и те како ќе ви помогнат да го подобрите вашиот имунолошки систем.
Заборавете на купените сокови, фатете се за свежо овошје и само за пет минути ќе добиете енергетско освежување за одличен почеток на вашиот ден.
ОВОШЈЕ БОМБА
Состојки:
2 чаши свежи малини
6 чаши вода
2 чаши сок од исцеден портокал
2 чаши исецкан ананас
лажица сецкани свеж ѓумбир
Подготовка:
Се мешаат сите состојки во голем сад, додадете неколку коцки мраз и неколку лисја нане . Пијте наутро после појадок, земете и за на работа. Ова овошје бомба содржи количина на витамини и минерали кои ќе ви дадат сила за нови бизнис потфати.
ЦРВЕНА РАПСОДИЈА
Состојки:
2 чаши црвена рибизла
1 чаша исецкана лубеница
½ чаша природен сок
1 лажица мед
½ чаша лисја исецкано нане
Подготовка:
Промешајте ги сите состојки во миксер и на крајот додадете нане . За долготрајно уживање з неколку парчиња лубеница додадете пред конзумирање. Ова рапсодија подготвиете ја претходната ноќ, така што следниот ден со неколку голтки отфрлете ги сите грижи и измами со глад пред вечера.
SOUR ОСВЕЖУВАЊЕ
Состојки:
Чаша исчистено и исецкано манго
Сок од два портокали
Сок од еден лимон
Половина од кората од лимон
Подготовка:
Мангото се сецка во блендер, додадете лимон и сок од портокал , коцки мраз и кора од лимон. Овој пијалок е совршен за топла и влажна ноќ без обврска.
ПРЕГРАТКА
Состојки:
Чаша свежи малини
Чаша свежи цреши
Сок од два портокали
Парчиња исецкан грејпфрут
Подготовка:
Малините и црешите се стават во блендер, додадете сок од портокал и сок од грејпфрут . Ако сте во потрага за вечерна забава, поканете пријатели и изненадете ги со “прегратка” за која гарантирано ќе ви побараат рецепт.
ICE ОСВЕЖУВАЊЕ
Состојки:
Чаша исецкани праски
Лажица шеќер
Хибискус кесички чај
Половина чаша топла вода
Подготовка:
Чајната ќесичка прелијте ја со топла вода . исецкајте ја ечкање праската во блендер, додадете една лажица шеќер , прелијте го со подготвениот чај и ставете мраз. Најдобро е да го пиете ова преку ден кога ќе ви дојде „Жолтата“ минута на замор.