13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Могерини пристигнува во Македонија, каква разврска може да се очекува?

Првата дипломатка на Европската Унија, Федерика Могерини денес ќе пристигне во Македонија, каде ќе оствари средба со претседателот Ѓорге Иванов и лидерите на политичките партии во земјата.

Таа денес очекуваше да разговара и со претседателот на Собранието, но тој не е воопшто избран, што значи и дека кризата е продлабочена и далеку од конечно решение.

Во 19 часот, пред седиштето на Европската унија во Скопје, се очекува Могерини да даде изјава за медиумите, со што многу работи ќе бидат расчистени.

Могерини се наоѓа во неколку дневна турнеја на Балканот, каде беше во посета на Црна Гора, а после Македонија ќе ги посети и БиХ, Србија, Косово и Албанија.

поврзани објави

Последни објави