Тимот на Голден Стејт направи потег за кој долго ќе се зборува во круговите на НБА. Тие потпишаа службен договор, кој го раскинаа по само два часа.
Подолг период се најавуваше дека во тимот ќе пристигне Хосе Калдерон, искусниот бек шутер, што и се оствари. Тој вчера стави потпис на договор, кој траеше само два часа.
Шпанецот Калдерон беше избркан, затоа што на „Вориорс“ ќе им биде потребен нов играч во тимот, по повредата на Кевин Дурант, кој ќе отсуствува најмалку 4 недели.
Утеха за Калдерон може да биде фактот што Голден Стејт целосно ќе го исплати неговиот договор. На негово место, во тимот најверојатно ќе пристигне Мет Барнс.