Денес два часа беше блокиран патот Скопје – Тетово, кај наплатната рампа Желино, од страна на вработените од комбинатот Југохром.
Ова е само најава пред утрешната средба помеѓу претставници на Југохром и премиерот Емил Димитриев, на која тие ќе побараат да се пролонгира рокот за изградба на филтерите за прочистување на воздухот.
Тие посочуваат дека моментално загадувањето е значително намалено, па Југохром би требало да добие дозвола за работа, затоа што, како што велат, тоа е нивна единствена егзистенција.