Американскиот амбасадор во Македонијак Џес Бејли на својот профил на Твитер изрази загриженост за тоа што, како што вели самиот, Македонија се оддалечува од од принципите на демократијата и владеењето на правото.
„Се согласувам со комесарот Хан. Загрижен сум дека Македонија се оддалечува од принципите на демократијата и владеењето на правото, кои се суштински вредности на НАТО”, напиша Бејли на твитер.
Овој коментар на Бејли доаѓа по вчерашните критики на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.