14.6 C
Skopje
Tuesday, May 20, 2025

Илиевски: Доста ни е од Европското „Имате перспектива“!

Еден од основачите на граѓанската организација „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски на денешниот протестен марш испрати порака до високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Могерини.

„Доста ни е од Европското „Имате перспектива“ во идно несвршено време. Бараме од Могерини да објави дека Македонија веднаш ги почнува преговорите за членство во Европската Унија, бидејќи нашите граѓани се европјани“, рече Илиевски.

Тој посочи дека Македонија има право да биде рамноправен дел од Обединета Европа, бидејќи како што вели, Македонија е европска цивилизација, лулка на писменоста и бидејќи македонската младина сака и пее Европска музика.

поврзани објави

     

Последни објави