13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Ахмети: Институционалната криза не смее да прерасне во етничка!

Институционалната и системска криза не смее да се претвори во етничка, порачал претседателот на ДУИ Али Ахмети на денешната средба со високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ Федерика Могерини.

 „ДУИ ќе остане посветена на постигнување политичко решение а  приротети на ДУИ се владеењето на правото и законот, веродостојни институции, заокружување на Охридскиот договор, добри меѓуетнички и добрососедски односи, како и интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ.

 Могерини изрази вреднување за конструктивната улога и нашиот пристап во оваа сериозна криза истакнувајќи дека Европската Унија е со нас во напорите за решавање на кризата, и ја истакна потребата за продолжување нашиот дијалог“, се вели во соопштението од ДУИ.

поврзани објави

Последни објави