13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Претседателството на ДУИ ќе одржи состанок – што можат да одлучат?

Централното претседателство на ДУИ денес во Мала Речица ќе одржи средба, на која покрај другото ќе се дискутира и за средбата помеѓу Ахмети и Заев.

Таа средба се одржа пред два дена, а во ист момент Ѓорге Иванов соопшти дека нема намера да го додели мандатот. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев порача дека на таа средба требало да бидат договорени работните групи, кои би започнале да работат за составување на новата Влада.

Покрај за таа дискусија, се очекува да има разговор и за средбата помеѓу претседателот на ДУИ, Али Ахмети и европската претставничка Федерика Могерини.

Дури по крајот на средбата, може да очекуваме некои нови информации, кои би го покажале патот по кој ќе тргне партијата, а тоа може да биде од огромно значање за крај на политичката криза во земјата.

поврзани објави

Последни објави