30.8 C
Skopje
Saturday, June 15, 2024

Торес со изјава: Ви благодарам на сите, бев уплашен, набрзо се враќам на терените!

Фудбалската легенда на Атлетико Мадрид, Фернандо Торес синоќа ги загрижи љубителите на фудбалот од целиот свет, откако по еден воздушен дуел, падна на земјата и остана без свест.

Брзата реакција на дел од неговите соиграчи, какои и медицинскиот тим, помогнаа фудбалерот брзо да се врати во нормала, по што беше однесен во болница во Ла Коруња.

„Голема благодарност до сите вас кои се загриживте за мене и за вашите пораки со охрабрување. Бев малку уплашен, но се надевам дека ќе се вратам многу наскоро“, напиша на „Твитер“ Торес.

поврзани објави

Последни објави