fbpx
5.8 C
Skopje

Ахмети: ДУИ не разговара за коалициска влада ниту со ВМРО ДПМНЕ, ниту со СДСМ

АКТУЕЛНО

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска одржа средба со амбасадорот на Шведска во Македонија, Мат Стафансон.

„ДУИ е целосно посветена на соработката со албанските парламентарни партии околу заедничката национална платформа, со која се бара унапредување на правата на Албанците во Македонија. Моментално нема разговори ниту со ВМРО ДПМНЕ, ниту пак со СДСМ, а единствениот дијалог кој го реализира ДУИ е со меѓународната заедница и албанските партии, му соопштил Али Ахмети на амбасадорот на Шведска во Македонија, Мат Стафансон на денешната средба“, соопштуваат од ДУИ.

Претседателот на ДУИ ги образложи програмските ставови на ДУИ велејќи дека еднаквоста во земјата го прави општеството постабилно, додека одговорноста за решавање на спорот за името, интеграцијата, реформите, добрите меѓуетнички односи треба да ги преземат сите, велат од ДУИ.

Ахмети и Стафансон разговарале и за регионалните и геополитички случувања како и нивното влијание врз Македонија.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -