13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Навивачите на Борусија Дортмунд со смртни закани кон човекот што го спаси тимот од пропаст

Пред околу десетина години, тимот на Борусија Дортмунд беше пред банкрот, но со одличните потези на Ханс Јоаким Вацке, тимот не само што се спаси од тотален пропаст, туку успеа да се искачи на врвот во Германија, но и во Европа.

Сепак, навивачите на „милионерите“ тоа брзо го заборавија, па деновиве му пратија серија закани, од кои најрадикални беа оние на групата „0231 Риот“, кои преку графит порачаа дека ќе му го одземат животот на Вацке.

Сето тоа доаѓа откако тој јавно објави дека ќе се бори против ултрасите, односно бесните навивачи и за нив ќе следуваат драконски казни.

Вацке овој потег го најави, откако навивачите на Борусија Дортмунд на средбата со РБ Лајпциг покажаа агресија дури кон жени и деца, што беше осудено од целокупната јавност во Германија.

поврзани објави

Последни објави