Знаеме за позитивните ефекти на чоколадото и влијанието врз расположението и кардиоваскуларниот систем.
За да направете сопствено домашно чоколадо, ви треба пола чашка какао во прав, малку кокос и три супени лажици мед или јаворов сируп.
На чоколадото истотака можете да додадете и малку сол. На пареа истопете и помешајте ја смесата. Мешајте додека сите состојки добро не се соединат.
Потоа истурете ја смесата во пластичи фигури и ставете ја во фрижидер да се олади околу 20-30 минути. Извадете ги потоа од пластичните фигури и потоа ставете ги повторно во фрижидер за да не се растопат.
Ова е основниот рецепт, но по желба моќете да додадете состојки како: бадеми, лешници, суво грозје, брусница, како и зачини како што се цимет, ѓумбир или бибер.