Кашлицата која трае со денови знае да биде и здодевна, но и да доведе до поголеми здравствени проблеми. Еве како да си помогнете сами.
Неколку листови зелка и мед и за 5 дена ќе ја победите кашлицата!
Потребни состојки:
. 1-2 листови зелка
. мед
Начин на приготвување:
Прво, земете листови зелка и ставете ги во топла вода за неколку минути. Потоа, поставете дебел слој мед од едната страна и ставете ги на градите. Одозгора ставете пластична кеса и заврзете ги градите со шамија. Направете ја оваа постапка пред спиење.
Ако имате тешка кашлица, можете да користите два листови зелка. Ставете го првиот лист на градите, а другиот на грб. Наутро, отстранете ги листовите зелка и правете го овој третман во текот на 5-7 ноќи. Кашлицата наскоро ќе исчезне.
Резултати:
Кашлицата се намалува како резултат на активните состојки содржани во медот и зелката, во комбинација со топлината. Ако сакате, користете и топло рицинусово масло наместо мед.