ДУИ преку соопштение го повикува Иванов да го довери мандатот на новото парламентарно мнозинство преточено во 67 пратенички мандати во Собранието на Република Македонија.
„Заедничката изјава на албанските партии е во согласност со европските вредности. Не го загрозува унитарниот карактер и уставниот поредок на државата. Тоа е заеднички документ потпишан во Скопје како едно резиме на изборните програми на сите наши парламентарни партии и во никој случај не претставува натметнување на каков било надворешен фактор.
Имајќи предвид дека оваа Изјава е во согласност со европските вредности бидејќи ја зајакнува етничката кохезија, помага на зајакнување на демократијата, владеењето на правото и законот како и евро-атлантската перспектива на нашата земја, ние сметаме дека заедничката Изјава на албанските парламентарни партии е во духот на Охридскиот Договор и Уставот на земјата и како таква на било каков начин не влијае врз интегритетот на земјата и не го загрозува унитарниот карактер и уставниот поредок на државата, истакнуваат од ДУИ и додаваат дека ниту еден ред од оваа изјава не го прекршува Уставот на Република Македонија“, се вели во соопштението на ДУИ
Од таму сметаат дека Иванов е должен да го додели мандатот за формирање на Влада на новото парламентарно мнозинство преточено во 67 пратенички мандати.
Од ДУИ го повикуваат Иванов, како и политичките партии во Македонија, да бидат умерени и претпазливи во своите изјави со цел да не се загрози заедничката иднина на граѓаните во Македонија.