Македонската популарна пејачка Калиопи во текот на вчерашниот ден ја даде својата поддршка за протестите на граѓанската организација „за заедничка Македонија“.
„Моето срце е секогаш тука и со овој народ. Поинаку не може да биде. Она што е најважно е да пратиме порака до сите надвор од Македонија, дека ова е мирољубива земја, секој еден што ја љуби својата земја тука е добродојден и благословен“, рече Калиопи.