11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Индија: Социјални работници продавале деца за 12.000 долари

Индиската полиција објави денеска дека двајца социјални работници се уапсени поради сомнеж за поврзаност со криминална гурпа која се занимава со криумчарење на луѓе и водење во илегален центар за посвоени деца на истокот на Индија, предавајќи ги децата на странски парови.

Деца на возраст од шест месеци па се до 14 години, илегално биле продавани на посвојување на парови од Европа, Америка и Азија за суми од 12.000 до 23.000 долари.

Како што се наведува во Индија има околу 30 милони сираци, легалното посвојување е реткост поради строгите правила кој се применуваат и поради тоа илегалниот пазар е во подем.

Истрагата за илегалните посвојувања зема се повеќе размер, откриени се и вмешаност на политички и администртивни личности.

Досега за овој скандал биле уапсен шест луѓе вклучувајќи и високи функционери на владеачката партија.

 

 

поврзани објави

Последни објави