Во пресрет на Божиќ, германската канцеларка Ангела Меркел е забележана во еден од најголемите супермаркети во Берлин, придружувана од тројца телохранители.
Изборот на канцеларката беше прилично строг. Тоа не е традиционална божиќна гуска или крап. Наместо тоа, Меркел купи масло, компир, пиперки, бонбони, сирење и други производи.
Вообичаено Меркел и нејзиниот сопруг патуваат за празниците во одмаралиште во Швајцарија, но сепак последните трагични настани во Берлин можат да ја принудат канцеларката да ја наруши оваа семејна традиција.