Само во првите два месеци од оваа година, јануари и февруари, до Агенцијата за вработување пристигнале дури 902 пријави за само вработување со грантови од државата.
Од страна на надлежните се порачува младите луѓе да се охрабрат и да аплицираат за оваа мерка. Според центрите за вработување до сега се отворени 460 компании од страна на млади луѓе до 29 години, а се вработени над 550 лица.
Како што велат од Агенцијата од понеделник преку прашалници ќе се селектираат млади луѓе кои потоа ќе посетуваат обуки за претприемништво, како и за изработка на бизнис план. Во овој процес ќе им помагаат ментори од АВРМ.
Од 2008. година до денес се затворени околу 35% од фирмите кои биле отворени преку оваа мерка.