13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

ВИДЕО: „Воспитната“ на Фрчковски

Во текот на претходните денови, на „Јутјуб“ се појавуваат видео записи, како млади момчиња и девојки одат кај дел од симпатизерите на СДСМ и им поставуваат прашања.

„Како не ви е срам, вие сте предавник“, „Ја продавате државата“, „Како ќе им го објасните ова на вашите деца“, се дел од пораките кои ги добиваа симпатизерите на СДСМ, но од нивна страна немаше никаков одговор и претежно не паѓаа на провокации.

Сепак, во случајот со професорот на Правен факултет, Љубомир Фрчковски не беше така. По следењето во бифето на факултетот, три момчиња излегуваат со професорот на паркингот, каде се наоѓа и неговиот автомобил.

Во моментот кога тие започнуваат да му зборуваат, едно од момчињата доби „воспитна“, по што веднаш избегаа. Погледнете како изгледаше сето тоа:

поврзани објави

Последни објави