Фудбалската јавност во Англија зборува за дуелот помеѓу Златан Ибрахимовиќ и Тајрон Мингс, каде Ибракадабра му „додели“ лакт на дефанзивецот.
Манчестер Јунајтед не успеа да го победи Бурнемаут, ремизирајќи само со 1:1, а токму Ибрахимовиќ можеше да биде херој, но не реализираше удар од белата точка.
Најпрво Мингс го згазна Ибрахимовиќ, по што подоцна во воздушен дуел, Ибрахимовиќ го удри со лакт Мингс. На крајот, немаше исклучување, само предупредување за двајцата фудбалери.
„Она што се случува на теренот, останува таму. Јас не сум играч кој се одмаздува, доколку претходно добијам удар. Одев на топката, а тој се удри во мојот лакт. Се надевам дека е добар. Не знам кој ме згази, но ако велите дека е тој, тогаш е така“, изјави Ибрахимовиќ.
Referee saw it and didn't give him a second booking. Absolutely shocking. pic.twitter.com/6frDTe07VG
— ICONS SERIES (@theiconsseries) March 4, 2017