Избувна пожар во сендвичара во студентскиот дом „Стив Наумов“. Неофицијално причина за пожарот се греалките кои биле оставени да работат и покрај тоа што немало никој во сендвичарата.
Командантот на противпожарната бригада на град Скопје, Ѕвонко Томески, изјави дека пожарот е локализиран.
„Веднаш по избувнувањето на пожарот екипа на Противпожарната бригада составена од едно возило и пет пожарникари излезе на терен и за брзо време успеа да го локализира пожарот“, изјави Томески за МИА.