14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ПРИСЛУШУВАЊЕ И ВО АМЕРИКА: Обама ги слушал Републиканците!

Кори Левандовски кој е поранешен директор на изборниот штаб на сегашниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама ги прислушувала разговорите меѓу тогашниот сенатор и сегашен министер за правда Џеф Сешнс и рускиот амбасадор во Вашингтон, Сергеј Кисјак.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп рече дека има сознанија  дека Обама го прислушувал неговиот кабинет во Њујорк.

„Она што можеме да го кажеме е дека во времето на претходната администрација тие навистина ги прислушувале разговорите меѓу тогашниот сенатор Џеф Сешнс и рускиот амбасадор, кој тој бил во зградата на Сенатот“, изјави Кори Левандовски во интервјуто за телевизиската мрежа Fox News.

Тој вели дека станува збор за два разговора меѓу американскиот сенатор и рускиот амбасадор, од кои едниот бил воден за време на конвенцијата на Републиканската партија, а вториот во зградата на Сенатот.

На ваквите обвинувања реагираше портпаролот на поранешниот претседател Обама, Кевин Луис, кој во саботата негираше дека администрацијата на Обама прислушувала било кого.

Овие напади врз Обама доаѓаат откако на удар од демократите е Трамп поради контактите меѓу неговите блиски соработници со рускиот амбасадор во Вашингтон за време на кампањата и во текот на трансферот на власта.

Дневниот весник The Washington Post, како и претходно во случајот на Мајкл Флин, во средата објави дека Сешнс, додека бил сенатор, минатата година во својата канцеларија одржал два состанока со амбасадорот Кислјак во моментот додеа, според американските разузнавачи, наводната руска кибернетичка кампања насочена на поткопување на американските избори била на врвот.

 

поврзани објави

Последни објави