Пишува: Сотир Костов
Идеологијата на Заев се лагата и манипулацијата. Тој упорно три години се труди со лаги и манипулации да дојде на власт. Ама не успева. Сега пробува и со предавство на Македонија и себепредавство. Во нив е неговата политичка смрт. Идеологијата пак на Фрчковски е јакобинството, од најдолен анархистичко-револуционерен тип. Фрчковски е најсилен на паркинзите. Таму девојки влече за коса, и псуе и тепа малолетници.
Во петокот го прочитав интервјуто на господинот Љубиша Георгиевски во неделникот Република, во кое тој ја дава мислата дека ако сакате да ја уништите Македонија за таа задача изберете Македонец. Се замислувам, ама знам дека е вистина. Тоа си го поврзувам со една моја мила особа која одамна ми ја пласираше верзијата за политичарот – џебно издание пројавен во ликот на Зоран Заев. Деновиве ми вели дека доколку македонскиот народ не истрае во својата намера и решеност да си одбрани и сочува државата, тогаш овој џебен формат на политичар од Македонија ќе направи држава во џебно издание. Затоа треба сите во Македонија да си го поставиме прашањето зошто сме на ивицата на провалијата, каде и во која насока треба да се упатине, кои се нашите цели и кој може да не води? Сигурно тоа не смее, не треба, и не може да биде Зоран Заев, чии главни советници се Фрчковски, Зекири и Адеми. Зошто? Па ајде прво да видиме како тој го води СДСМ? На што личи СДСМ од кога тој е на чело на оваа партија? Што се случува со членовите на СДСМ? Каде се тие? Зошто во јавност ги гледаме и слушаме само Шекеринска, Шилегов, Зекири, Адеми, Спасовски….и толку? Зошто СДСМ го прогласуваат за најголема албанска партија во Македонија? И тоа не некој што ги напаѓа, туку напротив, некој што ги подржува(емисијата Топ Тема, на Телма телевизија). Мене ваквиот СДСМ ми наликува на запалена куќа полна со духови; куќа во која се одвиваат спирутуалистички сеанси за редефинирање на Република Македонија; Куќа во која се гаи култот на уништување на Македонија; сите присутни внатре знаат дека куќата гори и гледаат дека водачот на култот говори од мевот, а неговите помагачи, до таа мера се поткупени, што ги замолкнуваат, а богами и ги уценуваат и им се закануваат на сите кои не се согласуваат со нив.
И сега ајде да се потсетиме како Заев ја изгради својата кариера на сдсмовски ајатолах во СДСМ. Најпрвин во судир со интелигенцијата на СДСМ со сопствениот карактер. Да ги бројам ли интелектуалците кои сами се откажаа од високото раководство на партијата, а и оние што се пасивизираа од поширокото членство. Повеќе од видливо е дека неговата ментална структура го турка во правец на неговиот најголем талент – да управува како неприкосновен вожд, кој ужива во тоа, и во секоја изјава не заборава неколку пати да повтори кој е тој и што направил за партијата. Во оваа мисија најверен придружник му е неговата суета. Па видете бре луѓе, тој со денови игра мајтап со граѓаните на Македонија и не им соопштува што се договорил со Али Ахмети во поглед на подржување или не на албанската платформа. Притоа мисли дека е вешт во манипулациите што ги прави, а во суштина на дело ни покажува колку му е ограничена интелигенцијата. Вели дека нема да го менува уставот, а Тито Петковски на сет глас ни соопштува дека промената на грбот, химната и знамето е готова работа(И ти ли бре сине Бруте? – Дозволуваш Заев да те испрати во пензија под срамни околности). Понатаму, преку Курир, се правда на српската јавност дека не договорил декларација со која србите ќе се осудат за геноцид врз албанците во Македонија, а неговото ‘’шекерче’’ и ‘’бомбон бизнисче’’ – Радмила Шекеринска, со сите труби, по телевизиите труби дека добро е да се направи токму тоа – да се донесе таква декларација, која Заев ја негира(наводно де). И секако, тука е легендарниот Љубомир Данаилов Фрчковски. Изјавува дека албанската коалиција на Заев(со ДУИ,Беса, Алијансата за албанците), ќе не дувне на повисоко ниво…ќе го промениме името…и ќе влеземе уште годинава во НАТО. Опаа, бато! Ете како ќе го продадат и името Република Македонија. Тоа ли е живот во Македонија? Така ли се влегува во поубава иднина? Не, насилнику јакобински! Насилник кој тепа девојки и малолетници. Секогаш на паркинг. Тоа значи дека е склон и на други пороци. И Герчо, каков е тој ‘’педагошки шамар’’ на твој Фрла, кога тој брутално вели: ‘’Што да ми е срам пичка ти матерна вмровска…мрш маму ти ебем…мрш и тебе у пичку ти материну…маму ви ебем ваша у пичка’’. Бати мизерната педагогија. Фрчковистичка. Јакобинска. Од мене, сега за сега, толку. Ама не знам, Фрле мој како ќе поминеш со мајките вмровки, кои изродиле многу македонски јунаци, а ти срамно, подло, гнасно, со сета своја логореја, од денес патентирана како фрчковистичка антивмровска дрскосерица, ги блуеш по нив и најсрамно ги псуеш. Тука, да се потсетиме на сето достоинство, што го покажа професорката Тања Каракамишева-Јовановска, која беше напарната во кабинетот, од орда хулигани на шарената револуција и остана присебна и достоинствена. Е па правете разлика, и во личност и во педагогија.
И сега што е ова? Како да го дефинираме? – Се со цел да знаеме како да се определиме кон сето тоа што ни се случува. Дали е ова живот и одење напред. Дали е ова нов скок во неосвоени демократски простори и нови повисоки нивоа? Да, тоа е скок, но скок во ништо. Може и лет во место, и струполување во провалија. И сега директно во центарот: Вие сте политички бандити кои граѓаните на својата земја – Република Македонија – ги лишувате од факти, аргументи и информации, за иднината и судбината на истата таа Македонија – наша заедничка татковина. И сега, еден вели – не. Не го менуваме уставот, не го гибаме јазикот, нема декларација за геноцид од страна на Србите, и не кажува во која форма е прифатена платформата. По него, двајца негови најблиски соработници, и неговиот идеолог велат – да, за сето тоа. Значи, ќе се менува името, јазикот, знамето, грбот и химната. Буквално се! Се што е македонско. Се што е проткаено во идентитетот македонски. И на кого ние да веруваме? На Заев? На неговите соработници и идеологот негов? На новинарите и медиумите кои слепо го подржуваат? На ДУИ, која вели платформата е скопска? Или на Беса, која е децидна дека платформата е од Тирана? На НИКОЈ ОД НИВ! Или да веруваме на Хашим Тачи кој вели дека албанците се 1/3 од населението на нашата држава. Или пак на Еди Рама, кој вели дека без албанците нема Македонија, и дека албанскиот јазик му припаѓа на уставотворен народ на Македонија. Уф, ќе ја заборавев извесната Месила Дода, која вели дека албанците во Македонија треба да го уништат претседателот Ѓорге Иванов и да прогласат независност. Сето ова е се купишта морбидност, дегутантност, примитивизам и агресивност, купишта што треба да се истурат во клозетот на историјата. Зошто? Затоа што сите тие се непристојни, неморални, злобни, бараат крв, повикуваат на војна. Водат неморална политика, која фабрикува непристојни и непрофесинални медиуми. Таквата жолта политика, на гештетнер ги умножува медиумите кои поданички и служат, нејзе и на финансиерите од странство, кои безмилосно рушат туѓи државни влади, и предизвикуваат лажни обоени и шарени револуции, кои во основа се крвави. Политичари кои го лажат својот народ, заведуваат лековерни новинари и за пари алчни медиуми. Тоа е крајниот домет на тапавите политичари – да поткупуваат лековерни новинари. Кога оние при очи не гледаат, а водат, тогаш, тие, кои на слепо им веруваат, ги следат. Може и обратно. Има ли тука нешто нејасно? Да заклучам: едни велат да, други за истото велат не; Едните се слепи, другите безочно ги следат; Едните тргуваат со уставот, македонското име, јазик, знаме, грб, химна, и ги продаваат, а другите ги подржуваат во тоа. Што е ова? Преку какофонија, тафтологија, достигнување на највисокото ниво на политичка демагогија, демагогија која издава и продава се што е државно и макдонско. На сите нив денес морам нешто да им кажам. Нешто што очигледно не го знаат. Политиката која најпрвин ќе остане без душа(ќе го шитне името како да е пиво), ќе остане без срце(ќе го жртвува јазикот), потоа ќе се откаже и од заедничките обележја што не обединуваат(знаме, грб, химна), на крајот останува и без ТЕРИТОРИЈА. Ете тоа е тоа бре тапоглавци низаедни, што вие не можете да го видете. Вие безочно не водите во двоцентричен консензус, што значи се што е македонско, да биде албанизирано. Срамно и жално. Срамно од вас, жално за вас. Не прифаќаме консензус на сдсмовската елита и странските платформисти, подржани од домашните спиритуалисти(кои не замајуваат со духот на платформата, духот на рамковниот договор, духот на уставот, а не ги читаат запишаните норми во уставот). Народот е пописмен од вас. Тој правилно чита уставни норми, ама и добро вас ве чита. А кој е народот? Тоа се илјадници граѓани на Македонија, со срца што во нивните гради бијат за Република Македонија. Со мисли во нивните умови, посветени на името македонско, јазикот, знамето, химната, грбот. Со крв која струи низ нивните вени, крв која врие од безочните напади на се што е македонско. Со почит кон другите, но и самопочит кон себе и суверенитетот на Република Македонија, кој произлегува од нив и им припаѓа само на нив. Со желби за заеднички живот, и среќа и радост што доаѓа од него. Но, и со ПРОСТУМ, со кој ќе ги покори црнилата. На крајот и со вечен НЕПОКОР, кон туѓите аспирации и агресии. Дојдете, придружете ни се, ние сме по улиците и плоштадите македонски. Мирни, ненасилни, немаскирани, со досотинствено кренати глави.