Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во интервју за Хрватската Радио Телевизија рече дека платформата е дело на туѓа држава, а ова директно го потврдила и една од политичките партии кои учевствувала во создавањето на истата, а тоа е политичката партија БЕСА.
„Ова што сега се прави е спротивно на Уставот на Република Македонија, се оди кон бинационална држава, се занемаруваат останатите етнички заедници во Република Македонија, Турците, Ромите, Србите, Бошњаците, Власите, Хрватите зошто да не, тие сите се ставаат во една споредна позиција, а се фаворизира само една заедница а тоа е албанската етничка заедница, и тоа се прави неуставно.
Платформата е потпишана во друга држава, под покровителство на друг премиер односно Еди Рама. Ова беше потврдено и од една од партиите кои учевствуваа таму, партијата БЕСА, која јавно кажа дека целата идеја и целото пишување на платформата било под покровителство на државата Република Албанија“, рече Груевски.