fbpx
11.8 C
Skopje

Јолевски: Безбедносната состојба во Македонија е стабилна и е на високо ниво!

АКТУЕЛНО

Министерот за одбрана на Република Македонија вели дека безбедносноста сотојба во Македонија е на високо ниво, и е стабилна.

„Ние како Армија и другите институции ја следиме внимателно безбедносната состојба и сме подготвени соодветно да реагираме“, вели Јолевски.

Министерот Јолевски  најави дека во наредните 10 години Владата на Република Македонија ќе инвестира во модернизација на Армијата на Република Македонија, во кој период ќе се набави и нова опрема, а се пополнуваат и единиците на македонската Армија.

„Во последните две години примивме 470 професионални војници, во тек е Курс за обука на војници и подофицери, кои порано завршиле Факултет и тие ќе станат следните офицери во Армијата. Исто така, и на Воената Академија образуваме наши кадри. Сакам да истакнам дека денеска бев на воениот аеродром Петровец кај Скопје, каде пристигнаа првите два ремонтирани хеликоптера што пристигнаа минатиот викенд. Така да и во овој сегмент бележиме напредок“, рече Јолевски.

Министерот за одбрана Јолевски денеска ги посети припадниците на Вториот механизиран пешадиски Баталјон и изврши увид во техничко – материјалната подготвеност на единицата во Штип.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -