13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Чанак во име на мирот изразува подготвеност да ја признае независноста на Косово

Ненад Чанак кој е кандидат за претседател на Србија од Лигата на социјалдемократите во Војводина, изјави дека е подготвен да ја признае независноста на Косово, бидејќи тоа е фактичка состојба.

„Косово е независна држава и веќе не е дел од Србија“, вели Чанак.

Како што јави Танјуг, Чанак истакна дека проблемите, со кои се соочува Србија, се големи и бараат одговорност за решенија кои треба да се преземат, а едно од тие решенија е да се признае фактичката независност на Косово.

„Во име на мирот на Балканот, на европската иднина на Србија и историското помирување на двата народа, изразувам подготвеност да ја поддржам таа одлука“, нагласи Чанак.

Чанак истакна дека за разлика од некои кандидати тој не сака да учествува во политика „која дава предност на митовите, наместо на реалноста, и која бега од фактите, колку и да се тие непријатни.

поврзани објави

Последни објави