fbpx
18.8 C
Skopje

ФБИ истражува 300 бегалци под сомнение за тероризам

АКТУЕЛНО

Американското Федерално биро за истраги истражува околу 300 лица примени во САД како бегалци, за активност поврзана со тероризмот, соопшти висок официјален претставник.

“Станува збор за околу 300 лица, кои биле донесени во САД како бегалци и во моментов се испитуваат од страна на ФБИ за потенцијална терористичка активност”, соопшти претставникот на Министерството за внатрешна безбедност.

Од таму велат дека максимално ќе се обидат да добијат точни информации и да се осигураат дека истите биле добро истражени.

„Факт е дека има 300 лица на кои им е дозволен влез во САД преку програмата за прием на бегалци, кои или се инфилтрирале со непријателски намери, или се радикализирале по нивниот прием во САД“, истакна претставникот на министерството.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -