6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Пожарникар загинал откако се обидел да исклучи порнич од билборд

Еден пожарникар загинал откако паднал во обидот да го исклучи порно филмот кој се емитувал на билборд во Мексико Сити.

Како што пренесуваат од „Дејли Мејл“ пожарникарот Алваро Хименез Гонзалес се качил на големиот билборд, кој после хакирањето започнал да емитува порнографски филм.

Обидувајќи се да го исклучи, пожарникарот ја изгубил положбата и падна на земја. Компјутерските хакери ги замениле рекламите со експлицитни слики на билбордот во сред центар на градот.

Компанијата која го  поседува овој билборд упатила извинување до сите кој ги виделе снимките.

 

 

 

поврзани објави

Последни објави