Последните податоци на Народна Банка покажуваат дека девизните резерви се на стабилно ниво, па и покрај тоа што има огромна неизвесност на политичката сцена, тоа не се одразува негативно на економијата.
„Податоците упатуваат на движења во различни насоки, но гледано во целост, состојбата во економијата во последниот квартал од годината била малку понеповолна во однос на третиот квартал. Гледано за целата 2016 година, досегашните остварувања и тековните показатели упатуваат на раст на економијата, а стапката на раст е блиска до очекуваниот раст од 2,3% согласно октомвриската проекција“, стои во соопштението.
Според Народна Банка, стабилизирањето на надворешното окружување на земјата, а особено Еврозоната, која е наш клучен трговски партнер продолжува економски да закрепува, па податоците заклучно декември покажуваат заврзување на месечниот раст на вкупните депозити за 4,3%.