14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Потврдена оставката на Михајлова

Денес преку соопштение, Судскиот совет ја потврди оставката на в.д. претседателката на Основниот суд Скопје 1, Татјана Михајлова, која беше најавена уште вчера.

„Судијата Татјана Михајлова вчера, на 07.03.2017 година, со писмен поднесок го извести Судскиот совет на Република Македонија дека поднесува неотповиклива оставка на функцијата ВД претседател на Основен суд Скопје 1 Скопје.

Во текот на денешниот ден Судскиот совет на Република Македонија ќе преземе мерки за адекватно решавање на настанатата ситуација, ќе бидат извршени анализи и во најкраток можен рок ќе биде закажана седница по повод поднесената оставка на ВД претседателот на Основен суд Скопје 1 Скопје“, стои во соопштението, под кое е потпишан претседателот на Судскиот совет на Република Македонија, Зоран Караџовски.

Причината за оставката не е позната.

поврзани објави

Последни објави