13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Селектирање и рециклирање отпад во Општина Аеродром

Од овој месец и вработените во Општина Аеродром ќе се вклучат и ќе бидат дел од кампањата за селектирање и рециклирање пластични шишиња и хартија, заедно во соработка со Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување, Пакомак.

Со оваа акција би требало да се зголеми свеста во општеството за одговорност и преку истата би можело да се дојде до поздрава животна средина.

Покрај вработените, од општината апелираат и до сите граѓани да се приклучат во оваа кампања, при што би го селектирале отпадот од амбалажата и ќе ги користат подземните контејнери за отпад за пластика.

поврзани објави

Последни објави