„Британија должи во буџетот на Европската унија две милијарди евра бидејќи „затворила очи“ пред големата измама на кинески увозници“, соопшти денеска Канцеларијата на ЕК за борба против измами и неправилности (OLAF)
„И препорачуваме на ЕК да врати пари од Обединетото Кралство“, се наведува во писмо од ОЛАФ.
Од канцеларијата на ЕК ја обвинуваат Британија дека игнорирала користење голем број лажни фактури и цариски побарувања од страна на кинески увозници што ја чинело ЕУ 1,99 милијарди евра во изгубени царини.
Истрагата покажала дека во периодот 2013-2016 година измамници избегнале царински давачки со користење фалсификат фактури и неточни изјави за царинска вредност при увоз во Британија.
Таквата шема ги чинела и други членки на ЕУ како што се Франција, Германија, Шпанија и Италија кои загубиле 3,2 милијарди евра приходи.