Најмалку 19 деца загинаа во пожар во дом за деца во Гватемала, објави ББС, повикувајќи се на информации на локалната противпожарна.
Пожарите зафатија сиропиталиште, кое се наоѓа на околу 25 километри од главниот град на Централноамериканската земја.
Други 20 лица се повредени. Причините за пожарот се уште не се познати и за нив се води истрага.
Во последниве месеци сопствениците на домот беа обвинети дека тој е преполн. Се појавија некои информации и за сексуално насилство врз децата како и лош третман врз истите.
Пред неколку дена дојде и до судири во домот, при што интервенирала полицијата.