14.8 C
Skopje
четврток, октомври 23, 2025
spot_img

По елиминацијата од Барселона – падна првата жртва во ПСЖ

spot_img

Тимот на Барселона направи фудбалско чудо, па по поразот во првиот натпревар од ПСЖ со 4:0, пред своите гледачи го победи францускиот тим со 6:1 и во вкупни 6:5 успеа да избори место во четвртфиналето од Лигата на Шампионите.

Како што пишуваат реномираните светски медиуми, по сето ова, оставка поднел стратегот на ПСЖ, Унаи Емери, кој веројатно не може да го преболи болниот пораз.

ПСЖ имаше негатива од 3:1 до 88. минута од средба, а тогаш „каталонците“ постигнаа уште три голови за помалку од десет минути и изборија учество во следната фаза.

Оваа информација не е потврдена, но ја пренеле блиски луѓе до стратегот, па истата се очекува утре да биде и официлијазирана од претседателот на парижаните.

https://twitter.com/SportMaiI/status/839599898047705088

поврзани објави

         

Последни објави