fbpx
5.8 C
Skopje

Додевски: Немаме примено решение за притвор, Сеад Кочан е слободен човек

АКТУЕЛНО


Адвокатот Никола Додевски кој ја предводи одбраната на бизнисменот и сопственик на телевизија НОВА, Сеад Кочан се уште го нема добиено решението на Кривичниот совет кој му определи притвор на осомничениот во предметот „Труст“.

„Се додека не добиеме такво решение, Сеад Кочан е слободен човек и може најнормално да ги извршува сите свои активности“ рече Додевски.

Тој додаде дека таквата информација процурила во јавноста од страна на медиумите при што рече дека тие треба да одговорат од каде ја добиле таквата информација бидејќи ниту тие, ниту на веб страницата на Судот, каде вообичаено се ставаат официјални информации не е ставено никакво известување.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -