-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Димитриевски: А сега „патриоти“ кој тоа ќе менува пари, униформи, ќе принудува и казнува?

Лидерот на СДСМ Зоран Заев оддржа прес-конференција на која ја промовираше програмата на идната Влада. На новинарско прашање за тоа дали има договор за двојазични банкноти и униформи, Заев рече дека во консултација со уставните експерти заклучиле дека тоа е спротивно на Уставот и дека такво нешто нема да има.

Веднаш после прес-конференцијата, на која тој соопшти дека нема да има двојазични банкноти и униформи, пратеникот од Социјалдемократскиот сојуз Максим Димитриевски на својот профил на Фејсбук повика да престанат манипулациите и поделбите во Република Македонија.

Статусот на Димитриевски го пренесуваме во целост.

Е ајде сега „патриоти”, кој тоа ќе менува пари, униформи, ќе принудува и казнува?

Ви рековме ќе се срамите.

Доволно беа манипулациите поделбите, да продолжиме заедно за живот во Македонија..

поврзани објави

Последни објави