13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Лажен доктор лекувал пациенти повеќе од 11 години

Шиам Акари кој работел како доктор во повеќе сиднејски болници повеќе од 11 години, обвинет е дека украл идентитет на вистински доктор.

Тој воопшто не завршил медицински факлутет. Тој ја напуштил Австралија и не е познато каде моментално се наоѓа.

Акари го украл идентитетот од неговиот сонародник од Индија Саран Китал. Лажниот доктор ги фалсификувал документите и се преселил во Сиднеј, каде се вработил во Менли болнициата во 2003 година. Во следните 11 години тој променил уште три болници пред да ја напушти здраствената служба.

Тој се сочува со казна од 30000 авсралиски долари, вистинскиот доктор Китал кој сега живее во Манчестер рекол дека ситуацијава е вознемирувачка и шокантна. Тој одбил да одговори на конкретни прашања за идентитетот додека истрагата е во тек.

 

 

 

 

 

поврзани објави

Последни објави