13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

ВИДЕО: Хеликоптер удри во телевизиска антена, најмалку петмина загинаа

Петмина луѓе меѓу нив четири руски државјани, загинаа денеска кога хеликоптер со седум патници се срушил на автопатот во предградијето на Истанбул.

Таксистот очевидец Фикрет Каратекин рекол дека хеликоптерот удрил во антена пред да се сруши на автопатот.

https://www.youtube.com/watch?v=vE17KwztHs4

„ Удри во антената, почна да паѓа и се сруши“, рекол очевидецот.
Во хеликоптерот биле седум патници од кој два пилоти. Меѓу патниците се наоѓале раководители на компании и нивни странски гости.

Претседателот на општината на регинот Бујукчекмече Хасан Акгун соопшти дека најмалку пет луѓе загинале во несреќата, која се случила пет минути по полетувањето и тоа најверојатно поради магла.

поврзани објави

Последни објави