13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Со компирот против модринките

Ако сакате што побрзо да се ослободите од непријатните модринки, ефикасно можете да ги снема со помош на компирот. Компирите сварете ги, потоа олупете ги и спремете ги како за пире. Во компировата смеса додајте малку мед и обична вода, па така добиената смеса намачкајте ја по модринките.

Доколку модринките ви се компликувани ставете само ладен облог. Внимателно го ставете на болното место со прекинување на секој пет минути да не дојде на оттрпнување на ткивото. Ледот е добар бидејќи не ја смирува само болката туку и го успорува протокот на лимфите и циркулацијата на крвта, на тој начин спречувајќи добивање на хематом.

А кога случајно ја ударите ногата од ивицата на столот, премачкајте го болното место со вата натопена со цвик. Доколку приметите да модринките ја менуваат својата боја со текот на времето од розева до жолта можно е да станува збор за некаква инфекција, тогаш побарајте лекарска помош.

 

 

поврзани објави

Последни објави