23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Сеад Кочан вчера ја напуштил државата – заминал во Дубаи?

Сопственикот на телевизијата Нова, Сеад Кочан, за кого вчера кривичниот суд донесе мерка притвор, се наоѓа надвор од државата, неофицијално дознава Поглед.мк.

Според информациите со кои располагаме, Кочан вчера ги напуштил границите на Македонија, заминувајќи и надвор од Европа, најверојатно во Дубаи.

Кочан е првоосомничен во случајот Трус, каде се товари дека неговата фирма Трансмет со фалсикувани докуменити успеала да добие тендер од ЕЛЕМ.

Денес околу 13 часот од МВР информираа дека ја добиле одлуката на Основниот суд Скопје 1, каде се бара апсење на Сеад Кочан. Тој треба да издржува 30 дневен притвор, додека трае судењето.

поврзани објави

Последни објави