23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Путин будно ќе ги следи изборите во Србија

Рускиот претседател Владимир Путин го изрази својот интерес за претстојните претседателски избори во Србија. Во писмото испратено до претседателот на Србија, Томислав Николич, Путин нагласи дека Москва будно и детално ќе ги следи изборите кои ќе се одржат во 2017 година.

Испратеното писмо од Путин до Николич, му го предаде рускиот амбасадор во Србија Александар Чепурин, а во писмото Путин има истакнато дека Русија сака да остане стратешки партнер на Србија.

„Се разви политички дијалог и има договор кој овозможи имплементација на билатерални проекти од интерес за двете страни“, рече Путин, додека рускиот амбасадор Чепурин потврди дека Русија и Србија имаат развиено систем на голема доверба и добри односи.

Претседателските избори во Србија ќе се одржат во април 2017 година. Томислав Николич објави дека тој веројатно ќе се кандидира, но се очекува официјалната поддршка на неговата партија како кандидат.
Единствен сигурен кандидат во моментов е поранешниот народен правобранител Саша Јанковиќ.

поврзани објави

Последни објави